По убиството на својата мајка, поради тоа што не сакала да му набави ВИП карти за концерт на Аврил Лавињ во 2008 година, на Роберт Лионс му е одредена затворска казна.
Иако се бранел дека има биополарнo пореметување, и дека мајка му го малтретирала, за нејзиното убиство тој добил казна затвор во траење од 20 години.
Обвинет е за убиство од втор степен и поради тоа добил максимална затворска казна. Всушност, Роберт својата мајка два пати ја удрил со шише од коњак по главата, а потоа ја избодел со нож. По убиството врз нејзиното тело истурил разни куќни хемикалии и заминал до продавница. Полицијата го уапсила после неколку часа, каде тој го признал делото.