Ја убил свршеницата и нејзиното тело со недели го чувал во патна торба

popara21 септември, 20111min00
uuuuuuuuu

Ендрју Линдо (29) остатокот од својот живот ќе го помине зад решетки. Тој добил доживотна казна затвор, поради сурово и ладнокрвно убиство на својата свршеница Мери Стјуарт (30) во декември минатата година.
Мери Стјуарт починала во својот дом во јужниот град Холмфирт во Јоркшир, откако нејзиниот вереник ја задавил, претепал и избодел со нож, а потоа нејзиното тело го сокрил во патна торба, пишува BBC.

При судењето Линдо не покажал каење за своето злосторство, што го натерало судијата да му пресуди доживотна казна затвор.

Во текот на судењето на површина излегле и сите гадости кои Линдо ги направил по убиството на Мери.

Само неколку часа по убиството, Линдо ги земал со себе двете деца на Мери и отишол да си ја земе дома својата нова љубовница Ангела Рејланс, која не била свесна дека во куќата имало убиство и дека поранешната свршеница Мери Стјуарт се наоѓа во гаражата спакувана во патна торба.

Иако мотивот за убиството се уште не е познат, се претпоставува дека Линдо водел двоен живот, на што Мери наводно остро реагирала, и таквата нејзина реакција го натерала тој да ја задави.

Суровоста на неговиот чин сведочи и фактот што успеал седум недели, да го крие мртвото тело во гаража.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma