Јаболкото – најдобриот пријател на вашето здравје

popara28 ноември, 20111min00
jabolko

Јаболкото е најдобриот пријател на имунитетот на луѓето. Ви претставуваме четири причини зошто познатата изрека „едно јаболко на ден го држи докторот понастрана“ е вистинита:

Малку калории, многу витамини: Ако сте поборник за здравиот начин на живот, секој ден треба да јадете најмалку две овошја. Експертите советуваат дека најдобриот избор за овошје се јаболката. Ова вкусно овошје има малку калории (околу 80), и е многу богато со растителни влакна (околу 4 грама) и има позитивно влијание врз варењето на храната. Јаболката се исто така добар извор на витамин Ц, а најдобар извор на витамини е токму кората на ова овошје.

Го намалува холестеролот: Многу студии укажуваат на фактот дека јаболката имаат позитивен афект врз кардиоваскуларно здравје. Една студија покажа дека луѓето кои сакаат да го симнат нивото на лош холестерол може да го направат тоа значително побргу доколку секојдневно онзумираат јаболка. За тоа е најзаслужен пектинот, кој помага при намалување на кардиоваскуларните проблеми и ризикот од мозочен удар.

Чува од дијабетис: Секојдневното конзумирање на јаболка може да помогне во спречување на пијавата на дијабетис. Истражувањата покажаа дека јаболките го намалуваат новото на Ц-реактивни протеини во крвта, кои во голема мера ги зголемуваат шансите за развој на дијабет.

За издржливост: Јадењето јаболки пред тренинг ја зголемува издржливоста за време на вежбањето. За тоа е заслужен антиосидансот кверцетин, кој поттикнува зголемување на имунитетот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag