Јаготки облечени во костуми и фустани

22 октомври, 20110
jagotki

Потребни состојки:

  • 3 килограми цврсти и големи јагоди
  • 100 гр. бело чоколадо
  • 100 гр. црно чоколадо

Припрема:

Растопете ги белото и црното чоколадо во посебни садови.

Јаготките добро измијте ги и поделете ги на два дела – едниот со покрупните е другиот со поситните јаготки.

За „машките јаготки“ одберете ги поголемите јагоди. Целосно потопете ги во белото чоколадо, освен горниот дел каде што е дршката. Потоа едната страна потопете ја во црното чоколадо, па потоа другата. Со помош на фишек врз белото чоколадо нацртајте машничка и ставете три точки кои ќе наликуваат на копчиња. Секоја јагода држете ја се додека чоколадото не се стврдне.

За „женските јаготки“ одберете ги помалите јагоди. Потопете ги прво од едната, а потоа од другата страна во бело чоколадо. Почекајте да се излади чоколадото на јаготката, па потоа украсете со фишек во кој сте ставиле бело чоколадо.

Јагодите треба да наликуваат на младоженец и невеста, па во чинија за сервирање наредете ги во парови. Добар апетит!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *