Јаките без ракави се IN ова лето. Можеби звучи корисно како чајник без рачка, но така диктираат овие кои ги котролираат модните трикови.
Ова парче облека може многу добро да се вклопи во вашата комбинација и да изгледа одлично. Може да биде изработено од секаков материјал и да се коминира во секоја варијанта. Дневна или вечерна ви гарантираме дека ќе изгледате ултра модерно.
Она што е видено на модните писти е јакничката да ја носите врз тенка маичка со неутрална боја. Комбинирајте го со тесни панталони, тесни фармерки. Одлично одговара со меки женствени здолништа со светол дезен. Носете ги јакните со појас, така ќе добиете поубава фигура и одличен изглед.