Јапонските власти признале дека информацијата дека водата во “Фукушима“ е за 10 милиони пати порадиоактивна од дозволеното е погрешна.
“Бројката што ја прикажува висината на радијацијата не е веродостојна и поради тоа нам ни е многу жал“, изјавил портпаролот на “Токио електрик пауер“, Такаши Курита напоменувајќи дека моментално се вршат нови мерења, но не е сигурен кога ќе има резултати.
Работниците кои работеле во вториот реактор во нуклеарната централа, утринава се евакуирани откако било забележано зголемено ниво на радијација.
Компанијата “Токио електрик пауер“ утринава соопшти дека радијацијата во водата која се акумулирала во зградата каде е сместен вториот реактор е за 10 милиони пати поголема од вообичаеното ниво на радијација.
Извор: Нетпрес