Јапонска диета за ефикасно намалување на килограмите

popara2 ноември, 20111min00
dieta

Сте се запрашале ли зошто азијатите се раса која има најмал проблем со прекумерната тежина??? Најверојатно тие имаат најправилен начин на исхрана. Затоа ви ја претставуваме оваа јапонска диета базирана врз одредени видови на храна. Со овој јапонски режим за слабеење ќе ослабнете и до седум килорами за две недели. ,

Ова диета може да се спроведе во било кое време од годината, бидејќи храна која што е вклучена во овој режим е достапна преку целата година. Најтешки се првите два или три дена, а потоа телото се навикнува на внесување на помалку храна, и се прилагодува на типот на храна кои доминира во оваа диета. Со брзото топење на килограмите се зајакнува и волјата да се истрае подолго.

Специфичноста на оваа диета е тоа што има два циклуси. Тоа практично значи дека седумте различни дена по одреден период се повторуваат. Најтешко се издржуваат деновите нема појадок, туку е дозволено конзумирање само на кафе или чај.

Прв ден  и 13-ти ден
Појадок: црно кафе
Ручек: 2 тврдо варени јајца, салата варена зелка зачинета со растително масло, чаша сок од домати без сол
Вечера: риба на скара или варено месо

Втор ден и 11-ти ден
Појадок: црно кафе, парче црн леб
Ручек: риба на скара или варено месо, варрен зеленчук или зелена салата зачинета со растително масло
Вечера: 200 гр варено јунешко месо, чаша јогурт

Трет ден и осми ден
Појадок: црно кафе, тост од црн леб
Ручек: голема печена тиква, јаболко
Вечера: 2 тврдо варени јајца или 200 гр варено говедско месо, салата од свежа зелка зачинета со растително масло

Четврти ден и деветти ден
Појадок: црно кафе
Ручек: 1 меко варено јајце, 3 големи варени моркови, 15 грама козјо сирење
Вечера: овошје

Петти ден и 10-ти ден
Појадок: свеж морков со сок од лимон
Ручек: голема печена или варена риба, чаша сок од домати без сол
Вечера: овошје
Шести ден и 14-ти ден
Појадок: црно кафе
Ручек: 200 гр. варено пилешко месо, салата од варена зелка или морков зачинета со растително масло
Вечера: 2 варени јајца, салата или варен зеленчук

Седми ден и 12-ти ден
Појадок: чај без шеќер
Ручек: 200 гр варено говедско месо и овошје
Вечера: Изберете од вечерата на било кој ден освен третиот.

За време на оваа диета многу е важно да имате физичка активност барем 20 минути дневно, на пример пешачење или возење велосипед. Кога ќе почувствувате глад напијте се лимонада или минерална вода.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag