Јарно Трули

popara12 септември, 20111min00
Jarno-Trulli_978955

Јарно Трули e роден на 13 јули, 1974 година во Пескара, Италија. Тој е италијански возач на Формула 1. Во својата кариера возел за Минарди, Прост, Џордан, Рено и Тојота. Единствената победа во кариерата ја забележал во Монако, во 2004 година, возејќи за тимот на Рено. Тој го добил името по Јарно Саринен, фински мото шампион кој загинал во Монца. Трули е познат и по тоа што е експерт за квалификации.

Тој возачката кариера ја започнал возејќи картинг. Се прославил со освојувањето на Германскиот формула 3 шампионат во 1996 година, и набрзо потоа дебитирал во Формула 1 за тимот на Минарди. По 7 трки тој го заменил повредениот Оливие Пани во екипата на Прост, и веднаш оставил добар впечаток. Завршил четврти во Германија, додека во Австрија водел, но сепак при крајот на трката неговиот мотор откажал. Тој останал во Прост во наредните 2 години, и во 1999 година на Европското гран при за прв пат во кариерата се искачил на подиумот.

Во 2000 година Трули потпишал за Џордан, тимот од Ирска. Трули возејќи за Џордан не успеал да се качи на подиумот меѓутоа забележал импресивни резултати во квалификациите. Трули тогаш бил обвинет дека вози одлично во квалификациите, а во трките потфрла. Тој ги негираше ваквите шпекулации.

Во 2002 година Трули потпишал за Рено тимот на Флавио Бриаторе. Во 2002 година тој редовно постигнувал подобри резултати во квалификациите од неговиот колега Џенсон Батон, меѓутоа во трките Батон бил подобар. Како и да е, во 2003 година Трули останал во Рено но сега за колега го имал Фернандо Алонсо. Алонсо успеал да победи во Унгарија, додека Трули успеал да го забележи вториот подиум во неговата кариера.

Во 2004 година Трули останува во тимот на Рено, каде во Монако ја забележува својата прва и единствена победа во Формула 1. И покрај одличната сезона, и желбата да остане во Рено, неговиот однос со Флавио Бриаторе бил премногу напнат и конфликтен, и така да тој морал да го напушти тимот на Рено. Тој бил заменат на 3 трки пред крајот на првенството со поранешниот шампион Жак Вилнев. Трули веќе имал потпишано договор со Тојота во 2005 година, па така тој ги возел последните 2 трки во сезоната 2004 за овој тим, заменувајќи го Рикардо Зонта.

Подиумите од 2005-тата ја демонстрираа брзината на Трули. Тој во Индијанаполис ја забележал и првата пол позиција во кариерата. Во поголем дел од сезоната бил подобар од неговиот високо платен колега, Ралф Шумахер, но киксовите во последните неколку трки му го загарантирале само 7-тото место во генералниот пласман, 2 поени зад Ралф.

Во 2006-та година, поради лошиот старт на сезоната и лошата среќа, Трули немал некоја добра сезона. Тој завршил 12-ти во генералниот пласман.

Во 2007 тој ги освои првите бодови во Малезија, завршувајќи седми. Потоа успеал да заврши и шести во Индијанаполис, што бил негов најдобар пласман за таа сезона. Тој завршил 13-ти во генералниот пласман.

Во 2008 година, Трули како партнер во тимот на Тојота го добил Тимо Глок. Тој солидно ја започнал сезоната, освојувајќи поени во неколку трки, и завршувајќи четврти во Малезија. По малиот пад во формата во средината на сезоната, тој се вратил завршувајќи трет во Монтреал, и со тоа им го донел првиот подиум на Тојота по две години пауза. На крајот на сезоната заврши 9-ти освојувајќи 31 поен.

Во 2009 година, ја започнал сезоната одлично, каде го освоил 3-тото место на Австралискиот Гран При. Интересно да се напомене дека во Бразил се пласирал четврти во квалификациите, но на стартот на трката се судрил со Адријан Сутил, возач со кој истата сезона се судрил и во Шпанија. Трули го обвинил Сутил за сударот и го јавно го изразил гневот врз него. Тој за овој инцидент бил казнет 10.000 долари. Сезоната ја завршил на 8-то место со освоени 32,5 бодови.

На 14 декември 2009 година било објавено дека Трули е еден од новите возачи на ново- формираниот тим на Лотус. Негов партнер бил Хајкe Ковалаинен. Таа сезона, Трули не успеал да ги заврши првите четири трки. Тој сезоната ја завршил без бодови.

И во оваа сезона тој вози за тимот на Лотус. Негов најдобр пласмани е 13-то место во Австралија и Монако. Трули не успеал да ги заврши повеќето од трките, и така по 12 трки тој нема освоено ниту еден поен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma