Јосип Броз знаел прв дека е неминовен распадот на СССР! А што е чудно за стариот вампир?! :)

popara8 октомври, 20111min00
JosipBrozTito

Посетата на Тито на Ватикан доказ дека тој уште тогаш знаел како ќе се распадне СССР.

Долгогодишен известувач од Италија во новата книга “Тито во Ватикан” опширно ја истражува историската средба помеѓу Јосип Броз Тито и Павле VI во 1971 година и открива непознати детали за политичката историја на Хрватска и Ватикан.

Копањето по архивите на Ватикан и случајното пронаоѓање на аудио снимка од средбата помеѓу Тито и Папата Павле VI во 1971 год. за хрватскиот новинар и дописник од Рим и Ватикан, Силвио Томашевиќ, резултира со неодамнешното издавање на книгата “Тито во Ватикан”.

Томашевиќ ја опишува првата официјална посета на шефот на една комунистичка  држава на Ватикан, но и една поширока конотација на таа историска средба : на позицијата на Ватикан за Тито, комунизмот, Југославија и Хрватска, и начините на кои некои кругови во Титовата Југославија ја доживуваат средбата со папата, на кардиналот Степинац,усташкото богатство и соработката меѓу Ватикан со нацистите и усташите.

Почнувајќи истражување на оваа тема, собирање податоци од различни италијански архиви и интервјуа со сведоците на средбата, Томашевиќ  вели дека не ни очекувал да оди толку далеку и на крајот приказната да се прошири на речиси последните 70-ина години од изминатиот век. Ова е негова четврта книга, кој зборува за папите и Ватикан, и ја презентираше неодамна во Загреб и Сплит. Томашевиќ известува од Рим веќе 27 години за различни хрватски пишани медиуми.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma