Justin Bieber на концертот во Манила на Филипините, докажа дека е вистинска ѕвезда. И покрај тоа што тој бил болен успеал до крај да го одржи својот концерт.
Поради болеста тој често повраќал, но набрзо се враќал на сцената и со целата сила се изборил да ја задржи многу бројната публика на нозе.
Пред почетокот на концертот тој на својот профил на Twitter напишал: “Болен сум како куче, но шоуто мора да продолжи”. А по завршувањето тој допишал: “Шоуто беше одлично, навистина сум болен, сега е време за одмор”.