Во Јапонија од неодамна владее нов хит, а тоа е тетоважа на зави. Се работи за привремена тетоважа со помош на мали сликички со најразлични мотиви, од бубамари до љубовни пораки или портрети на историски личности.
Овие сликички се лепат со помош на лепило за самиот заб. На сајтот јапантрендс, е истаканто дека ова пред се е моден детал наменет за девојките кои се во „потрага за идентитет“.
Производителите на овие тетоважи налепници тврдат дека тие не се штетни за забната глеѓ и дека самите паѓаат после неколку дена.