Каде има најдобри услови за живот?

popara16 септември, 20111min00
zdravje

Никој не сака детето да му биде болно, но кога веќе тоа е неизбежно би требало барем да знаете која земја, според расположливоста со здравствени работници, најпогодна за згрижување на вашето дете.

Овие резултати се добиени врз основа на бројот на здравствените работници (доктори, медицински сестри и акушерки) кои се достапни на секои 10.000 луѓе во определена земја, како и на влијанието што тие ги имаат врз популацијата во земјата. Во предвид се зема и бројот на вакцинирани деца и мајките кои добиваат итна помош во текот на бременоста и при породувањето.

Според Светската здравствена организација, 23 здравствени работници на 10.000 луѓе е оптимален број за мајките и децата да ја примат негата која им е потребна. Во САД има околу 125 здравствени работници на секои 10.000 луѓе и се наоѓаат на 15-тото место во светот на листата земји кои се најдобри за лечење деца.

Најлошо рангирани земји се Сомалија и Чад, со по 7 здравствени работици во просек на секои 10.000 жители.

Во некои од тие земји медицински услуги има само во урбаните делови, а луѓето од периферија многу тешко добиваат здравствена нега, соопштува организацијата „Save the children“ која работи на ова истражување.

Ова се десетте земји каде здравството е најдобро развиено: Швајцарија, Финска, Ирска, Норвешка, Белорусија, Данска, Шведска, Куба, Узбекистан и Германија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag