Каде може да ги најдете чудовишта од приказните?

popara19 ноември, 20111min00
i

Вампири, духови, врколаци – сите овие митски суштества чие постоење е надвор од секое прашање. Дури и денес, секој од нас би сакал малку Бафи – убиец на вампири. Ова е листа на пет митски суштества и места каде што може ги барате …

Врколаци во Франција

Половина човек, половина животно. Благо кажано, тоа е страшно суштество жедно за крв, кое се појавува секоја ноќ кога е полна месечина. Сепак, голем број од жителите во Лозере, Франција тврдат дека на ѕверот од Жеводана навистина ги тероризирал луѓето во текот на 60-тите години на 18-ти век.

Кралот Луј XV праќал ловци да го фатат дивото суштество и да го донесат до Версај, но мисијата не успеала.

За подобро да се разбере оваа легенда, треба да го посетите регионот на Централниот Масив на Лангедок-Русијон во Франција.

Вештерки во Литванија

Немирните деца во Македонија се плашат од “Баба Рога”. Меѓутоа, децата во Литванија со векови беа под многу поопасна закана. Локалните вештерки се особено лоши суштества. Тие крадат деца, и фрлаат смртоносна клетва, и сите други митски суштества во споредба со нив делуваат како “добра душа”.

Ако сакате да видите што е, посетете го Раган Калнас во близина на градот Јодкрантеа.

Џуџињата во Исланд

Скриените луѓе на Исланд се претставени на различни начини, од тролови, до духови на планината. Ако верувате во Исландските училишта учат за фолклорот на оваа земја, а според него постојат пет различни видови на ѓаволи. По часовите во ексцентричните училишта, толку ќе ви биде страв да нема да помислите да помрднете ни едно камче за да не ги навредите.

Тие се наоѓаат под карпите во Исланд. Протресете некоја гранка, подигните каменче, ќе ги најдете нив.

Вампири во Грција

Всушност, најстарите вампири доаѓаат од античка Грција – зли духови, и повеќе класична форма за зомби кои се креваат од гроб. Според легендата, на Санторини се наоѓа гробот на вампирот.

Змаевите во Словенија

Добро, со само неколку сантиметри во должина, на ова суштество што живее во пештери тешко да е од калибарот на чудовиштето од Лох Нес.

Нејзините очи се покриени со кожа, има албино тен и црвени крвни брчки кои и даваат навистина импресивни поглед.

Може да се најдете во пештерата Постојна во Словенија. Има напори за зачувување од истребување на овој загрозен вид на змејови. Средбата со било кое загрозено животно е одлична, но да кажете на вашите пријатели дека сте биле лице в лице со жив змеј? Бесценета.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag