Каде треба да избегнувате секс???

popara12 октомври, 20111min00
seks

Знаеме дека креветот по некое време може да ви здосади, но мора да внимавате каде имате сексуални односи, првенствено заради здравствени причини. Иако на филмовите гледаме возбудлив секс на плажа, во лифт, во кујна и каде ли се не, реалноста е сосема поинаква. Местата кои може да не возбудат често може да имаат и негативни последици врз нашето здравје. Каде се треба да избегнувате секс???

Амбар: Многумина имаат фантазија за секс во амбар врз пластови сено. Ќе ви помине ли желбата ако ви кажеме дека шансите се големи да добиете алергија, но и да закачите болви или крлежи?

Заедничко туширање: Сексот под туш може да биде интересен и возбудлив, но треба да го практикувате само доколку имате голема када или туш кабина. Запомнете, се наоѓате на лизгава површина, постои можност да паднете и да се повредите.

Задното седиште од автомобилот: Ако сте љубители на секс во автомобил, или пак тоа е вашата единствена опција, погрижете се да земете со вас влажни марамици, чисто ќебенце или пешкир и средство за дезинфекција, затоа што задното седиште е преполно со бактерии и нечистотии. А да, и истегнете се убаво и направете неколку вежби затоа што еластичноста ќе ви биде потребна.

Секс на плажа: Има ли нешто поромантично? Ама бидете спремни да се туширате неколку часови за да го извадите песокот кој се воврел во секоја пукнатина од вашето тело.

Секс на поле: Бубачки. Нечистотии. Трева и каменчиња. Комбинација еднаква на многу модринки, исекотини и убоди од инсекти.

Тоалет во дискотека: Колку и да сте загреани, кажете „не“ на секс во јавно WC. Смрдеа, бактерии, фекалии, опасност од инфекции… Да не набројуваме понатаму…

Работната површина во кујна: Па добро, само размислете дека утре треба таму да пресечете леб…

Лифт: Можеби ве возбудува помислата на секс во лифт, но бидете свесни дека станува збор за просторија која секојдневно ја користат многу луѓе, што значи дека е нечиста и полна со зарази.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag