Научниците од универизтетот на источен Лондон за експериментот собрале волонтери од 18 и 47 години кои пиеле кафе со години. На сите им е ветено кафе кое содржи кофеин, но ветувањето го исполниле само половина. Сеедно, учесниците кои не биле на кофеин и понатаму имале добро расположение и зголемена активност како редовно да пиеле кафе.
За да се процени состојбата на волонтери, користени се посебни тестови кои ги проверуваат металните перформанси , брзината на реакција и расположението. Излезе дека резултатите на “измамените“ биле подобри од оние од контролната група кои добиле доза на кофеин. Значи, факт е дека после пиење на кафе луѓето очекуваат повеќе енергија. И ја добиваат, и самиот чин на пиење на кафе има плацебо ефект.