Следната година по прв пат ќе бидат објавени над 250 писма и разгледници кои Џон Ленон ги испраќал на својата фамилија и пријателите.
Хантер Дејвис автор на службената биографија на Битлси изјавил за јавноста дека поседува голем број на пишани документи кои досега не и беа познати на јавноста. Тој има дозвола од вдовицата на Ленон, Yoko Ono да се претстават во јавност сите пронајдени записи.
Дејвис нагласува дека во писмата и разгледниците нема ништо спектакуларно, меѓутоа преку писмата може да се има увид во животот на Ленон и неговиот смисла за хумор.