Кај се крие тајниот рецепт за Кока-Кола?! :)

popara12 декември, 20111min00
12833-062405-dbc6952f989bf4e18a9e4a41f697082f

Американската компанија „Кока Кола“ за прв пат во 86 години ја променила локацијата на која се чува најголемата тајна, односно рецептот за најпопуларниот газиран пијалок.

Сефот кој во себе ја содржи рецептата која е напишана рачно е пренесен од сефот од банката каде е чуван од 1925 година во музејот „Светот на Кока Кола“, во Атланта, Џорџија.

„Ова е посебен ден во историјата на кока кола и претставува одлично празнување на 125 годишнината од појавата на овој пијалок“, изјавил извршниот директор на компанијата Мухтар Кент.

Рецептот за пијалокот во 1886 година го составил фармацевтот Џон Пембертон од Атланта, а со формулата која е чувана во најстрога тајност биле запознаени сам онеколкумина лица кои ја пренесувале исклучиво усмено.

Во 1919 година, тогашниот директот на компанијата Ернест Вудраф подигнал кредит од Њујоршка банка и како залог ја оставил рачно напишаната формула на пијалокот. Каматите за овој кредит биле отплатени дури во 1925 година, а од тогаш рецептот чуван во сеф во банката “SunTrust” во Атланта.

Според податоците од компанијата жителите од 200 земји во светот секој ден купуваат 1,7 милијарди производи од „Кока Кола“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag