Една заљубена двојка мораше да му стави точка на водењето љубов откако несакајќи го довеле автомобилот да виси на покривот на една зграда висока 18 метри. Оваа двојка од Кина, го паркирала својот автомобил на покривот од една зграда мислејќи дека тука ќе имаат неколку минути време на само за да споделат малку интимност.
Решиле да го остават моторот да работи, за да ја искористат климата во автомобилот. Но, во моментот на страст и невнимание, дечкото несакајќи го ставил автомобилот во рикверц и за среќа го сопрел токму во мигот кога се нашле висејќи над 18-метарската бездна.
Парот бил спасен од случајните минувачи кои го слушнале врескањето на 43-годишната девојка, Лили Танг. Очевидците успеале да ги извлечат несреќните љубовници од колата навреме и без да има некакви последици. И автомобилот имал среќа. Еден очевидец вели:
– Беа многу засрамени, но среќни што се живи!