Кајли Миног се појавила на хуманитарната вечера и концерт на Џорџ Мајкл во Кралската оперска куќа, но нејзиното лице изгледало речиси замрзнато и бизарно, пишува Дејли мејл.
Кајли изгледала како порцеланска кукла со затегната кожа, облечена во фустан со црна чипка и со блед мејкап на лицето.
Британските медиуми откриле дека поп-ѕвезда користи ботокс, иако пејачката минатата година ветила дека повеќе никогаш нема да ги користи магичните козметички инјекции. “Бев искрена во тоа дека користев ботокс. Но, повеќе не го сакам во моја близина. Имам брчки. Можете да ги видите брчките на моето лице “, изјавила минатата година познатата пејачка.
Во споредба со тие денови пред една година, се чини дека лицето на пејачката сега има помалку брчки. Кајли изјавила дека за нејзиниот сегашен изглед најзаслижна е кремата Pond’s Cold Cream, но се прашуваме дали една крема може да направи таков драматичен ефект, пишува Дејли мејл.