Марли Шилер (77) се појавила во салон на “Volkswagen” во Германија, за да ги погледне новите автомобили. Заинтересирана бабата избрала еден автомобил и одлучила да го повози за да го тестира.
Меѓутоа, не успеала ни да излезе од салонот, а веќе направила штета од неколку илјади евра. Марли наизменично го возела автомобилот напред, назад, се вртела во салонот и оштетила пет нови коли.
Со автомобилот го разнела и стаклениот излог на салонот и конечно застанала удирајќи во автомобил паркиран на улицата.
Бабата која сака автомобили поминала без ниедна гребнатинка, но нанела штета од околу 200.000 евра.