Како да доживеете 100та?!:) некој сепак знае:))

popara4 октомври, 20111min00
naslovna

Судејќи според тоа како изгледа денес, Сер Клиф Ричард ќе доживее 100 години.

Седумдесет годишната ѕвезда ја открива тајната на својата младоликост.

За да си го осигура стогодишниот живот, чита водич на експерт за броба против стареење, д-р  Маошенг Нија под наслов “Тајните на долговечноста: 100 начини да доживеете 100 години”.

Книгата веќе ги најде своите верни читатели – актерот Џим Кери и пејачките Шерил Кол и Бритни Спирс.

Сер Клиф вели дека по препорака на прочитаното во книгата, внесувал многу лук, сок од пртокал и сок од целер, и благодарение на нив успеал да ја преброди напорната турнеја.

“Морав да настапувам на шест концерти во седум дена. Не знам како го преживеав тоа, но успеав. Секоја ноќ се враќав дома во 11:30 часот, јадев полека и одев на спиење”, објаснува Ричард.

Тој тврди дека никогаш не го прифатил стилот на живот “секс, дрога и рокенрол”, како поголемиот дел од неговите колеги. Не е сигурен ни дали знае што точно тоа значи.

“Јас ја почитувам мојата публика. Не сакам пред нив да се појавам во ужасно издание и да звучам лошо. Она во што верувам ме одржува во живот и ми дава поттик да продолжам понатаму”, објаснува тој.

Сер Клиф вели дека кондицијата ја одржува со тоа што два пати неделно игра тенис и редовно вежба во теретана. Минатата година покажа совршена линија на фотосесија за еден календар.

“Никогаш нема да бидам Арнолд Шварценегер, но кога тој календар излезе, ги погледнав фотографиите и си помислив –  ќе продолжам со истиот ритам”.

Познатиот музичар висок е 178см и има 67кг, исто како пред 30 години.

По трагите на кинеските филозофи

Иако пазарот е преплавен со прирачници за постигнување на долговечност, книгат на Д-р Маошинг е различна по тоа што ги следи мудростите на Источните и Западните традиции и продадена е во повеќе од 200.000 примероци.

Лајт мотив помеѓу нејзините корисници е воздржување и умереност- треба да престанете со јадење кога ќе почувствувате дека три четвртини од стомакот ви се полни, месо јадете само за викенди и не пијте повеќе од една чаша вино дневно.

На своите читатели тој им препорачува секогаш во храната да додадат малку бибер и кари, бидејќи се познати борци против стареење.

Сер Клиф пие две големи чаши сок од целер секој ден со цел да го намали крвниот притисок, јаде многу риба, јаболка, боровинки и избегнува подготовка на оброкот во микробранова печка.

Може да прочитате и неколку интересни теории. Наводно, облеката која ја носите на хемиско чистење, токсична е 24 часа по третманот. Затоа би требало да ја ставите на некое суво и проветрено место.

Се препорачува тантричкиот секс .

Д-р Маошиг  вели дека многу работи за вашето здравје се напишани на вешето лице. На пример, луѓето со квадратни глави се склони кон болести на мочниот меур и срцеви напади и припаѓаат на т.н. “дрво” тип.

Одмор и релаксација е клучот за “дрвените” за зачувување на здравјето, и треба да се избегнуваат црвено месо, мрсна храна и алкохол.

Дали е во тоа еликсирот на младоста?

Сето тоа е на место, ако имате добри гени. Меѓутоа, ако вашата фамилија со генерации пати од слабо срце, ја нема таа количина на целер, тантричкиот секс и боровинки што ќе ви го продолжи векот.

Сите луѓе кои ја имаат надминато 100тата имаат еден единствен рецепт: многу овошје и зеленчук со месо и повремено консумирање на алкохол.

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma