Како да дознаете каков е во кревет?

popara27 ноември, 20111min00
секс

Сеуште не сте имале секс и се прашувате каков е вашиот нов партнер во кревет? Ако внимателно го набљудувате, можете да направите добра претпоставка на тоа што ве чека. Говорот на неговото тело, стилот, апетитот и однесувањето, можат да бидат добар показател на неговите љубовни способности.

Движење: Мажите кои имаат став во држењето и движењето најчесто се добри љубовнии. Таквите мажи се добри во кревет бидејќи се самосвесни, знаат што сакаат и се опуштени. Добар показател на неговата способност во креветот е и начинот на кој игра. Мажот кој ужива во танцувањето е опуштен и во кревет. Мажите кои се неспретни при играње, најверојатно ќе бидат такви и во кревет.

Зборување: Доколку мажите се поотворени и подруштвени, најверојатно ќе комуницираат одлично и во кревет. Не е тешко да се забележи добро расположен маж кој весело разговара, мавта со рацете и е полн со животна енергија. Таа животна енергија ја носи во кревет и таму со него нема да ви биде досадно. Мажите што во текот на разговор имаат постојано едноличен тон и досаден израз на лицето, најверојатно такви ќе бидат и во кревет.

Јадење: Одамна е познато дека постои врска помеѓу храната и сексот. Некои истражувања зборуваат дека хедонистите се најдобри љубовници. Набљудувајќи го како јаде можете да откриете дали ќе биде добар во кревет. Ако и се радува на храната и ужива во секој залак, можете да бидете сигурни дека ќе знае да ужива и во кревет. Мажите што сакаат да експериментираат со храната, ќе знаат да експериментираат и во кревет.

Допирање: Мажите што секогаш се држат на дистанца, млитаво се ракуваат и се студени во комуникацијата, многу често, такви се и во кревет. Од друга страна, мажите на кои не им е проблем, на пример, да ја бакнат помладата сестра во образ при поздравувањето, да го потчукнат по рамо пријателот или срдечно да го прегрнат, ќе бидат великодушни и во кревет. Многу можете да откриете и од начинот на кој ви ја држи раката. Ако ги испреплетува прстите со вашите, нежно ве милува со прстот по дланката, истото ќе го прави и во кревет. Колку повеќе мажот има наклоност кон физичкиот контакт, ќе биде попосветен во сексот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag