Иако можеби не е фер, но секој човек сака неговиот партнер да се сложува со неговите пријатели. Всушност, мислењето на нашите пријатели е многу важно кога го бираме нашиот партнер. Затоа, еве ви неколку совети кои ќе ви помогнат да ги освоите пријателите на вашиот партнер.
Појавете се: Најважно е, доколку бидете поканети на вечера или на кафе со неговите пријатели, да се појавите. Тие ќе ве ценат бидејќи сте одвоиле време за да бидете со нив.
Најдете заедничка основа: Битката за освојување на партнеот започнува со пронаоѓање на заеднички интерес во одредени сфери. Заедничките интереси со неговите пријатели ќе ви помогнат да се зближите и со нив.
Дознајте некои интересни информации за неговите пријатели: Луѓето навистина сакаат да зборуваат за себе. Затоа, кога ќе поминувате време со неговите пријатели, прашајте ги за нивните интереси и споделете ги информациите кои ги знаете за нив.
Запомнете ги нивните имиња: Неговите пријатели ќе го ценат тоа што ги знаете нивните имиња, бидејќи тоа значи дека ги цените како личности.
Не се карајте: Никако не влегувајте во конфликт со неговите пријатели или пак со нивните партнерки, бидејќи никако нема да може да им докажете дека сте во право, ниту пак да ја стекнете нивната почит.
Никогаш не го карајте пред другарите: Иако знаете дека не е во право и тоа ве нервира, сепа кавгите оставете ги за кога ќе бидете сами. Пред неговите пријатели бидете фина и поддржувајте ги неговите ставови.