Како да изгледате како Викторија Бекам

popara12 август, 20111min00
victoria

Секој има свое мислење за оваа дама. Иако на многумина не им се допаѓа како таа се облекува и што носи, сепак има многу работи кои можеме да ги научиме од нејзиниот начин на облекување. Еве некои клучни моменти:

Секогаш изгледа самоуверено

Изгледа многу женствено и со стил

Изгледа врвно и моќно

Сите овие се одлични особини на личноста, а Викторија ги пренесува преку нејзиниот стил. Женствениот и софистициран изглед е нејзин заштитен знак, а најчесто ја гледаме во женствени парчиња облека како здолништа и фустани, а поретко во панталони.

  • Фустани – Викторија сака кратки фустани
  • Здолништа – “Молив“ здолништа се често видени на неа
  • Тесни фармерки – Кога станува збор за панталони, Викторија сака тесни фармерки
  • Големи чанти – Луксузните чанти се секогаш на раката на Викторија

Бои

Најчесто, Викторија носи црно и сиво. Но понекогаш може да ја видиме во бои како зелена, жолта, сина, црвена, дури и розова. Кога го прави тоа, тогаш тоа е единствената боја на неа и најчесто бојата облеката ја комбинира со бојата на чевлите. Ретко меша бои. За да го постигнете овој изглед, треба да:

  • Доминира црната и сивата боја во вашата гардероба
  • Разбијте го студенилото од црното и сиво со златен акцесорис
  • Кога мешате бои потсетете се дека помалку е подобро
  • Комбинирајте ги чевлите со остатокот од вашиот изглед

Вклопување

Кога станува збор за вклопување и обликот на нејзината облека, Викторија сака да изгледа припиено, многу припиено. Сака да ги покажува нејзините екстра слаби раце и нозе со носење на тесни фустани. Таа изгледа како дама и благороднички во нејзините високи здолништа и фустани, големи очила и мали џемпери и јакни. Ако сакате таков изглед, изберете:

  • Тесни здолништа во сива и црна боја
  • Тесни фустани до колена
  • Џемпери
  • Мали јакни
  • Големи ремени за да ја истакнете половината
  • Тесна блуза во панталони/здолниште

Потпетици наспроти рамни чевли

Секогаш носи штикли. Отсекогаш велела дека мрази рамни чевли, во кои многу ретко ја гледавме. Но наеднаш, Викторија почна да се појавува во рамни чевли. Во секој случај, и кога носи такви, таа изгледа многу женствено и софистицирано, а тајната е во нејзиното држење. Таа ги носи рамните чевли исто како да се штикли.

Секојдневната Викторија

Таа никогаш не е навистина обична. И кога е таква, сепак е модерна, секси и женствена. Одлични комбинира обични панталони и палто со супер високи потпетици и многу накин за подобар изглед.

Викторија носи скапа облека и изгледа неверојатно без разлика каде и да е. Еве пример за нејзиниот обичен изглед кој би можел да ви помогне:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag