Како да се справиме со неоснованата љубомората?

popara19 декември, 20111min00
1

Статистиката вели дека голем процент од проблемите во врската кои допринесуваат за нејзиниот крај се предизвикани од неоснованата љубомора. Во најголемиот број случаи скандалите избиваат речиси без никаква причина. Освен тоа, многу мажи кои изневеруваат тврдат дека токму љубомората кон партнерката е причината што ги натерала да се впуштат во ваква љубовна афера.

Многу често се случува при создавањето на врска да се навраќаме во минатото на партнерот што е наполно погрешно. И не треба да правиме изводи за тоа како ќе се развива нашата врска врз основа на минати случки.

Друга причина за љубомора е недостаток на информација и комуникација меѓу партнерите. Голем дел од денот мажот и жената поминуваат разделени еден од  друг и започнуваат да мислат што ли прави на работа, за новиот колега или новата секретарка. Овие мисли се многу опасни за врската и причина за неосновани расправии. Научете да си ги споделувате еден на друг плановите, по време на вечерата разговарајте за тоа како ви поминал денот, за тоа што планирате да направите утре. Ќе забележите дека после неколку седмици, откако подобро ќе се информирате за животот и секојдневието за саканиот човек, љубомората полека ќе почне да исчезнува. Но бидете внимателни – тоа треба да биде пријатен разговор, а не распит.

Пријатели, работа, хоби – многу лесно сево ова може да стане повод за скандал. Во овие случаи, проблемот е веројатно недостаток на доверба, како во себе си така и во сопствената привлечност.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag