Како да се справите со напорни колеги

popara2 септември, 20111min00
naporni kolegi 8

Полтрон

Овој тип кој се сака и се може само за да биде битен и колегите да го потапкаат по рамото. Тој е во секоја “чорба”, доколку е потребно, ако треба ќе остане и подолго на работа, не би ли му дале некој денар повеќе. Се прашувате ли како треба да постапите со овие луѓе? Па, потпакајте ги по рамена!

Тужибаба

Кога идете на боледување, тужибабата како дежурен ќе отиде кај шефот и ќе го праша: “ Дали Зорица навистина е болна? Е, глупости зарем не можеше да оздрави за неколку дена? ” Такви личности најчесто немаат сопствен живот, па обожаваат да го загорчуваат животот на другите. Таквите личности треба да се држат на дистанца.

Гламурозен сноб

Кога одите на работа, оваа личност од врата ве гледа од глава до пети и обавезно ќе прокоментира дека и она има сличен фустан. На работа доаѓа атрактивно облечена и глуми најдобра риба во фирмата. Со себе секогаш носи резервни чевли за не дај боже. Таа за себе мисли дека е мис свет и дефинитивно една од најголемите трачери во фирмата, поради кој е добро да се заобиколат.

Галамџија

Оваа личност ќе ја препознаете одма поради тоа што сака да е секогаш во право, често го менува расположението од плус до минус бесконечно, нервозна е и особено сака да знае што се збори за нејзе. Ако уште во старт станете пријатели со ваква личност , никогаш нема да ви биде лојален соработник.

Сезналица

Таа секогаш зборува гласно и со тон кој иритира. Нема тема за која нема што да каже, но сепак омилени и се работи поврзани со модата, нејзината мајка и луѓето со кои живее. Нејзиниот телефонски разговор секогаш е гласен, а сите во просторијата ги полудува тоа што ја слушаат секој ден истата приказна. Обично е скржава иако на себе ги носи најскапите прозиводи. Како да преживеете со таква колешка? Па гледајте да седнете што подалеку од нејзе.

Заводник

На прв впечаток не остава дека е Дон Жуан, но ако малце се позабавувате со него, ќе дознаете дека е најголемиот заводник отколку што тој изгледа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag