За да можете да ослабнете треба да се запознаете најнапред со механизмот на натрупувањето на излишните масни наслаги. Јаглехидратите се горивото за нашето тело, кои при варењето се разложуваат условно кажано во шеќер кој ги храни мускулите и мозокот со енергија. Хормонот инсулин помага „горивото“ да стигне до клетките и го регулирила нивото на шеќер во крвта. Ако не ја трошите таа енергија од јаглехидратите, таа се складира во организмот како резерва односно како телесни маснотии.
Важно е да запомните дека колку повеќе храна внесувате, толку повеќе инсулин се лачи, а како последица на тоа повеќе поткожни маснотии.
Изводот од сето тоа е за да се намали секрецијата на инсулин, треба да се храниме почесто но количински умерено односно помалку. Со правилниот начин на исхрана, вие воопшто и ќе немате потреба од диети.