Како до новиот “Facebook Timeline”?

popara24 септември, 20111min00
zuckf8timeline

На конференцијата „f8” во Сан Франциско се претставени новиот Фејсбук профил и апликациите. Постои начин веднаш да го добиете новиот профил. Ако се регистрирате на Фејсбук како прогармер на апликации.

Како да го направите ова? Прилично лесно. Погледнете го видеото и следете ги чекорите:

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=7c3LkMLbV34

1. Интегрирајте ја апликацијата Developer. Во Фејсбук пребарувачот впишете „Developer” и кликнете на првиот резултат кој ќе го добиете. Кликнете на „Allow.” Со тоа ќе станете програмер.

2. Во горниот десен агол на апликацијата Developer кликнете „+ Create New App.” Внесете име на апликацијата и опис.

3. Прифатете ја „Developer privacy agreement.” Tech Crunch вели дека за ова треба да имате „верифицирана сметка,” што значи дека треба да имате кредитна картичка поврзана со својот профил на Фејсбук. Сепак, многумина немаат, а сепак усепале да го добијат новиот профил.

4. Пронајдете го делот „Open Graph” на левата страна и внесете глагол и именка за својата нова апликација.

5. Сега на ред ќе дојдат неколку страници со нови информации. Тука не треба ништо да чепкате, само снимете ги промените и одите понатаму.

6. За само 5 до 10 минути ќе добиете известување на врвот на својот профил, да го пробате новиот профил. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Можно е да има и багови.

Ако сепак решите да се вратите во претходната состојба на профилот, и тоа ќе го направите на лесен начин. Вратете се на својата страна „Developer” и кликнете „Edit App.” Ова ќе го премести сајдбарот на левата страна. Кликнете на „Delete App.” По ова, би требало да е вратен стариот профил.

Оваа можност можеби не е за секој. Друг начин, за да го добиете својот Timeline пред другите е да се пријавите на https://www.facebook.com/about/timeline. Кога Фејсбук ќе биде подготвен, ќе ве извести, и така ќе можете да го пробате новиот Timeline.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag