Како до подобра меморија?

popara28 јули, 20111min00
Woman reading --- Image by © Jamie Grill/Tetra Images/Corbis

Не можете да  се сетите на вистинскиот збор или на името на некој познаник? Меморијата почнува се слабее во средина на триесетите години, но никогаш не е доцна да ја изострите!

1, Цртајте! Научниците утврдиле дека цртањето апстрактни облици спречува да одлутате со мислите- што често се случува за време на долгите работни состаноци. Затоа слободно шкрткајте и така одржувајте ја концентрацијата и запаметете ги важните информации.

2, Опуштете се! Стресот е фактор кој највеќе ја нарушува способноста за памтење. Експертите препорачуваат секој ден да одвоите малку време само за  мечтаење. Замислување убави слики, мириси и искуства, со ова се активира десната страна на мозокот, што ќе ви овозможи опуштање.

3, Јадете помалку! Одржување на здрава тежина не е корисно замо за здравјето туку и за подобрување на меморијата. Научниците сметаат дека падот на нивото на инсулин ( што се случува која ќе ја намалите дневната доза на калории) е фактор за подобрвање на меморијата, бидејки ја зголемува чувствителноста на рецепторите во мозокот.

4, Бидете фан на овошје! Доколку го вклучите сокот од јаболко во дневната доза на овошје ( пет порции) вашата меморија ќе биде оптимална. Освен тоа, утврдено е дека материите од сокот од јаболко спречуваат таложење на одредени протеини во мозокот кои често се детектираат кај личности заболени од Алцхајмерова болест.
5, Решавање крстозбори! Редовното читање дневни весници и решавање крстозбори ги симулира малите сиви келии. Со Истражување е докажано дека овој вид ментална гимнастика ја подобрува меморијата дури за 33 посто

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma