Како до витка става?

popara1 август, 20111min00
2slabeenje soveti

Експертите даваат совети како да се постигне завидна линија и како да се одржува.

Клучот за успех во постигнувањето и трајно одржување на здрава телесна тежина лежи во трајна промена на животните навики.

Ви претставуваме неколку совети како да постигнете тенок струк, да го подобрите здравјето и да задржите линија со мали промени.

Јадете 5-6 мали оброци на ден. Распоредете ги дневните калории во повеќе помали оброци, а отфрлете ја навиката да јадете еден до два обилни оброци.

Не заборавајте го појадокот. Првиот оброк изедете го во рок од еден час по станувањето. Тоа ќе го активира метаболизмот и ќе ја обезбеди потребната енергија за да го започнете денот.

Започнете го денот со свежо овошје или течност (незасладени овошни сокови или топла лимонада). Ова ќе го олесни “утринското чистење“.

Последниот оброк во денот земете го три до четири часа пред спиење за да не оптеретите многу организмот во текот на ноќта и да си обезбедите здрав и квалитетен сон.

Пијте доволно течности (30 мл по килограм од телесната тежина или поделете ја тежината со осум и ќе го добиете потребниот на чаши течност).

Спијте доволно. Недостатокот од сон влијае на хормоните што го зголемуваат апетитот.

 

За дома

  1. Секогаш јадете на едно место и не грицкајте храна во другите соби.
  2. Не правете други работи додека јадете (не читајте и не гледајте телевизија).
  3. Не мешајте го чувството на глад со чувството на жед, умор или досада (напијте се чаша вода, преспијте, телефонирајте или излезете од дома на кратка прошетка).
  4. Не одете гладни во купување на намирници. Подобро направете го тоа после јадење. Ќе имате помалку потреба за купување на висококалорични намирници.
  5. Понесете ужина на работа. Со тоа ќе избегнете купување на висококалорични, а помалку хранливи јадења.
  6. Слатки и колачи подготвувајте за посебни  пригоди. Обидете се правењето торти да не ви стане хоби.

 

Во ресторан

  1. Ако сте повикани во ресторан, земете малку храна дома. Така во ресторанот ќе порачате и изедете помалку храна.
  2. Десертот поделете го.
  3. Од менито изберете варена храна или печена. Одбегнувајте пржена и похована храна и тешки сосови.
  4. Не служете се со леб и путер додека го чекате главниот оброк.
  5. Одбегнувајте топли закуски. Таа храна е покалорична бидејќи содржи многу масти кои служат како конзерванс, за храната подолго да остане свежа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma