Летото е време за уживање, но и време за работа, а тоа важи и за обичните луѓе, но и за познатите ѕвезди. Сега кога летото е на крај, да погледнеме каде беа и што правеа познатите за време на летните месеци.
– Бритни Спирс беше на турнеја за промоција на нејзиниот нов албум Femme Fatale. На еден од нејзините настапи таа настапи со DJ Pauly D и ја воодушеви публиката кога му се качи на рамена на развиениот диџеј.
– Деми Ловато слободното време го искористи за играње флипери, па на Твитер објави слика од освоените награди.
– Кантри пејачката Кели Пиклер помина романтичен одмор со својот сопруг Кајл Џејкобс и уживаше додека се сончаше на песочните плажи.
– Лејди Гага го искористи летото за да замине на шопинг во Токио. Па само јапонците може да измислат толку луда гардероба која ќе одговара на стилот на пејачката.
– Ештон Качер и Деми Мур го искористија летото за риболов.
– Риболовот го проба и Џастин Бибер, но не знаеме дали успеал да фати нешто.
– Ова беше навистина зафатено лето за Ким Кардашијан. Се сврши, направи моминска, се омажи и замина на меден месец.
– Кејти Пери летово присуствуваше на 10 дневниот родео фестивал во Канада. Добро и стои облеката на каубојка :)))