Како интернетот влијае на меморијата?

popara20 јули, 20111min00
41_orig

Истражувачите од неколку американски универзитети тврдат дека општоприцутната расположливост на интернетот можеби предизвикува промена во тоа колку информации задржуваме во сопствената меморија.

При бидејќи пребарувачите како Googlea и Binga се секогаш при рака, благодарејќи на компјутерите и паметните мобилни телефони, помалку осеќаме потреба да памтиме детали кои лесно можат да се најдат, заклучиле истражувачите од Универзитетот Колумбија, Универзитетот Висконсин и Харвард, кои во списанието Сајенс (Science) објавија студија под наслов „Влијание на Googlea на меморијата: когнитивни последици факти дека информациите ни се при рака“.

„Луѓето почнуваат да се грижат како нашиот однос со технологијата го одржува нашето знаење“, изјавува Бети Спароу, истражувач од Колумбија која ги предводела истражувањата. „Ги загрижува тоа што се се пребарува на мрежата и ништо не се обидуваат да запамтат.“

За да ги испитаат последиците на ваквото однесување, истражувачите извеле неколку тестови на студентите и внимателно прателе кои информации сакаат да ги запамтат, а на кои немаат намера да се сетат, бидејќи претпоставуваат дека секогаш можат да ги најдат на компјутерот доколку тоа покасно им затреба.

Во еден тест од 28 учесници било побарано да прочитаат и потоа да прекуцаат некои општи познати факти како на пример, „Гренланд е најголемиот остров на светот“. На дел им е кажано информациите кои ги напишале да ги избришат, а на другите да ги сочуваат на компјутерот. Потоа ги испитале за материјалот кој го искуцале. Оние кои верувале дека се ќе биде избришано запамтиле повеќе информации од оние кои знаеле дека материјалот ќе биде сочуван.

„Се испоставува дека верувањето дека информациите нема да бидат достапни во иднина го појачува памтењето на информациите“, се наведува во извештајот. Со други зборови, доколку некој знае дека информациите може да ги најде на интернет, помалку ќе се труди да ги запамти.

Друг експеримент е спроведен за да се утврди дали луѓето памтат повеќе локации на кои ќе најдат податоци отколку самите податоци. Во овој случај на групата од 32 учесници им понудиле неколку информации заедно со имињата на фасциклите во кои ќе бидат пронајдени. Потоа од нив се побарало да се сетат на што поголем број на информации и ги испитале во која фасцикла секоја од нив се наоѓа. Се испоставило дека подобро се сеќаваат на фасциклите во кои се наоѓаат информациите отколку на самите информации.

„Ваквите резултати не треба да не возбудуваат“, кажува Бети Спароу. „Мислам дека не ни атрофираа деловите од мозокот кои можат да ги памтат информациите.“ Сепак интернетот е релативно нова работа, луѓето и порано се ослонувале на надворешни ресурси за памтење, на пример, пријатели, соработници и фамилијата, како би собрале информации кои ги заборавиле. Истражувачите оваа појава ја нарекуваат „трансактивно памтење“.

„Секогаш сме го правеле тоа; сме дозволувале некои видови информации да ги памтат другите“, кажува Спароу. „Пристапот на информациите на интернет делува на сличен начин.“

„Се повеќе стапуваме во симбиоза со својот компјутерски алат и се поголемиот меѓусебно поврзан систем така да се помалку ги пратиме информациите а се повеќе памтиме каде да ги најдеме“, се наведува во заклучокот на студијата.

Спароу затоа во следната работна задача ќе испитува дали луѓето сега памтат некои други работи, бидејќи пребарувачите на интернет им ги даваат сите детали кои порано требале да ги памтат. Ослободени од потребата да ги памтат, луѓето ќе можат подобро да го разберат поширокиот смисол на она што го учат. Таа и затоа се прашува дали луѓето кои веќе не се фокусираат на „кој, што и каде“, подобро ќе одговорат на концептуалната врста на прашања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag