Интернетот е единственото нешто кое се развива со вртоглава брзина, а она што редовно „страда“ во таа дигитална револуција пред се е дизјанот на сајтовите.
Да ве потсетиме како изгледаа едни од најважните веб сајтови на денешницата кога се појавија на почетокот.
Гугл – најпознатиот пребарувач во светот и неговиот скромен дизајн на самиот почеток во 1998 година.
Фејсбук – најпопуларната социјална мрежа во светот неколку пати ја менуваше својата функционалност, но и дизајн, погледнете како изгледал на почетокот.
Mashable – е веројатно најпознатиот сајт за сите оние кои следат вести од информатиката, интернетот и новите технологии. Се запона во 2005 година како блог за технологија и еве како изгледаше.
Јаху- започна како уште еден веб пребарувач, но подоцна се претвори во сајт за се, од вести, мејлови, видеа итн..
Јутуб – започна со работа во 2005 година, скромно и тивко, а никој не ни претпоставуваше дека ќе се претвори во најдобар видео сервис со најголема видео архива во историјата на човештвото.
Амазон – започна со работа во 1995 година и целосно го промени начинот на кој денеска се дистрибуираат книгите. Оние кои се обиделе да го користат, никогаш повеќе не се вратиле во редиците во книжарниците.