Како некои жени заглавуваат со „женкари“?!? Едноставно :)))))

popara7 октомври, 20111min00
zenkaros

Малку внимание, неколку комплименти, многу шарм и добри манири, и пред да бидете свесни сте паднале во стапица на „женкар“! Женкарите се причината за солзите на многу жени, а сепак тие остануваат со нив. Се прашувате зошто?

Многумина се чудат кога некоја паметна, способна и убава девојка ќе „заглави“ со некој женкар кој ја изневерува на секој чекор. Веројатно и самите жени себеси си го поставуваат истото прашање, а не ја знаат причината. Погледнете ги следните 10 причини зошто женкарите буквално ги „врзуваат“ жените, па можеби ќе препознаете некого :)))

Женкарите знаат да ја кажат вистинската работа во вистинско време: Тешко е да се препознае вистинското лице на женкарот бидејќи тој постојано ви вели дека сте прекрасни, паметни и дека ужива во ваше друштво. Нековата слаткоречивост ќе ве убеди дека сите грешат, а дека само тој е во право.

Женкарите знаат да прават ситници заради кои ќе мислите дека се грижи за вас: Но ако подобро отворите очи, ќе сфатите дека тие ситници воопшто не му претставуваат проблем.

Женкарите се одлични во кревет, што не е ни чудно со оглед на нивната „пракса“: Сексот е една од основните работи заради кои жените остануваат со женкарите, иако знаат дека тоа се погрешни мажи.

Женкарите најчесто се многу згодни: Иако се свесни дека не треба да судат по надворешниот изглед, жените ги обожаваат женкарите и им годи да бидат видени со згодни мажи под рака.

Жените најчесто „паѓаат“ на женкари кога се осамени, а нивните пријателки се во врска: Женкарите се моментално решение за осамените жени, кои заради самотијата не знаат баш најобро да го оценат нивниот карактер.

Некои жени остануваат со женкарите заради сожалување: Бидејќи женкарите во многу ситуации се поставуваат заштитнички, жените се чувствуваат како да им должат нешто.

Жените постари од 30 години се врзуваат за женкари бидејќи им е страв дека дошло време да се смират и да основаат семејство: Не дозволувајте вашата возраст да ве дефинира и не прифаќајте помалку од она што го заслужувате само затоа што некои сметаат дека е време да се омажите.

Жените остануваат со женкарите затоа што мислат дека нема други заинтересирани мажи: Не дозволувајте си себеси да бидете заглавени во врска со женкар само затоа што мислите дека не постои вистински маж кој ќе ви одговара.

Подобро е да бидете со некого отколку сами: Сосема погрешно размислување. Не се омаловажувајте себеси со некој кој не ви одговара и само ви го губи времето. Концентрирајте се на себеси и на својата среќа.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag