Како “пукна тиквата” наречена Мајка Русија?!

popara19 август, 20111min00
_45115874_3c9d60c8-3054-48db-b002-7efbbee122bb

Многу граѓани на Русија жалат за распадот на Советскиот Сојуз што се случил пред 20 години. Но, Русите тогаш деобиле нешто што денес малку го ценат, вели во својот коментар Инго Мантеуфел.

Колапсот на Советскиот Сојуз пред 20 години бил настан кој оставил длабок белег врз текот на историјата. Но, исто така тоа било и случување од еден многу голем и сложен процес, кој тогаш, исто како и сега, со оглед на големиот број затворени архиви, тешко може во него да се навлезе.

Затоа речиси е невозможно да се направи една избалансирана, објективна, и за секој човек поединечна проценка во врска со тие настани. Често може да се слушне зборот “виновен е Горбачов” или “американската политика”. Со ова се претпоставува дека имало можност Советскиот Сојуз се одржи во поинаква форма. Но тоа сепак е апсурдно и нелогично, бидејќи распадот на Советскиот Сојуз се случил токму поради тоа што се покажа дека тој во суштина не може да се реформира и демократизира.

Советскиот Сојуз во себе носел зачеток на распад, уште од првиот ден на неговото основање. Всушност, неговото формирање се случило во 1922 година благодарение на недемократски и насилен чин. Тоа е речиси иронија на историјата дека само комунистичкото движење во граѓанска војна по Втората светска војна, било тоа кое народот на Руската империја, го присилила да живее во земја која е повторно под контрола на Москва.

 

Многу подлабоки причини

Причините за распадот се многу подлабоки од наводната погрешна политика која ја водел  Михајл Горбачов после 1985 година. Крајот на Советскиот Сојуз може да се разбере подобро од аспект на деколонизација, демократизација и ослободување од стегите на тоталитарната комунистичка идеологија.

Гледано од тој агол Русите со умирање на комунизмот се ослободиле од погрешната идеологија. Жално е што повеќето Руси, ова не го ценат доволно, но со оглед на сегашните општествени проблеми тие со носталгија гледаат во минатото. Веројатно ќе бидат потребни уште 20 години, за новите генерација да го одобрат ова размислување. Притоа, ние би требало да го заборавиме следново: Голем број на Германци дури во 1985 година сфатиле дека поразот во Втората светска војна всушност бил ослободување на Германија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag