Како се „станува“ идеална девојка?!?

popara7 октомври, 20111min00
idealna devojka

Да не се лажеме, не постои совршен маж или совршена девојка во вистинска смисла на зборот, затоа што сите ние имаме некоја мана. Сепак, за совршена девојка се смета онаа со која нејзиниот дечко се гордее и со задоволство зборува за неа.

Еве ви неколку совети со кои ќе се претворите во девојка со која секој дечко би се гордеел:

Верувајте му: Мажите не сакаат сомничави девојки. Ако не може да му верувате, тогаш ни тој не е вистинскиот за вас. Не му го проверувајте мобилниот, џебовите, фејсбук профилот…

Бидете искрени: Ако ве праша што не е во ред, одговорете му. Кажете му што мислите и што сакате. Најлошо е да велите „Ништо не ми е“ и да го оставите да погодува, затоа што мажите не се многу добри во тоа.

Не го гушете со многу внимание: Покажете му дека ви значи, но не претерувајте. Постои огромна разлика меѓу нормално и опсесивно внимание, иако на жените не секогаш тоа им е јасно. Не треба цел свет да знае дека го сакате, тоа делува патетично.

Не „дрндајте“: Кажете му што мислите и чувствувате, но не го малтретирајте и гњавите. Со тоа тој ќе го загуби интересот и почитувањето кон вас.

Не му префрлајте за се: Како што вие сакате тој да ги почитува вашите интереси и потреби, така и тој си ја сака својата слобода. Не му префрлајте за се, бидејќи така ќе му здосадите и вашата лутина ќе изгуби на значење.

Не се обидувајте да го смените: Разберете: Мажите не се менуваат!!! Ако не сте задоволни од него, тогаш тој не е вистинскиот за вас.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag