Како се срушило царството на Инките?

popara29 јуни, 20111min00
Mach Picchu, Peru Summer 2006

Царството на Инките е последното царство од Јужно Американските индијански цивилизации. Тие општества биле толку интересни и мистериозни, колку и нивните величествени дела кои денеска се зачувани. Сепак, царството на Инките релативно кратко траело.

Основано е неколку години пред раѓањето на Колумбо (1451 година), а траело малку подолго од 100 години. Вистинска тајна претставува како толку многу постинале овие народи за толку кус период.

Започнале како група на луѓе во Андите, кои го напуштиле своето мало село и основале град Куско на југот во денешно Перу. Градот прераснал во силен град-држава кој ги напаѓал подоцна и  околните племиња. Околу нивните поглавари, Инките по кои подоцна и го добиле името, создаден е таков култ во кој се прогласувале за божества.

Синот на осмиот Инке Пачацути изградил патна мрежа долга илјада километри со тунели и мостови.

Инките тоа го постигнале без коњи и тркала, гласниците кои требале една вест да однесат до друго место трчале, а како бидејќи немале развиено писмо, гласниците морале да ги памтат пораките.

Она што вистински сетоа ова го овозможило е бројната работна сила. Служењето на поглаварите било доброволно, а се сметало за религиозно и социјална важност.

Резултатите од овие народи се импресивни:

Мачу Пикчу изграден е на врв на планина окружен со полиња со земја која била донесена на брдото на грб од страна на работниците. Секое момче морало да ја продолжи традицијата и да се занимава со истото што и неговиот татко. Никој од Инките никогаш не гладувал, меѓусебната помош била неверојатна, биле дарежливи, а храната се чувала во складишта во случај на глад.

Се работело за стабилна, иако авторитативно општество. Неочекуваната смрт на последниот владетел довела до војна помеѓу неговите два сина. Пред да се дознае кој кого победил, нив веќе ги заробиле и биле убиени од страна на шпанските освојувачи.

Без поглавар, целиот состав на народите и царството на Инките било срушено одеднаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag