Како шминката може да ја уништи вашата кариера?

popara6 октомври, 20111min00
sminka

Жените кои претеруваат со шминкањето оставаат впечаток на несигурни, непрофесионални и неискрени личности, покажаа последните истражувања.

Истражувањата на научниците од Харвард открија дека количината и начинот на шминкањето игра голема улога во впечатокот кој жените го оставаат кај другите луѓе. Доколку жената има нанесено нежна шминка, таа изгледа убаво, но доколку има нападна шминка впечатокот е сосема поинаков.

Научниците од Харвард спроведоа истражување во кое на испитаниците им беа покажани слики од различни жени и од нив беше побарано да оценат дали изгледаат професионално, симпатично, привлечно и сигурно. Фотографиите со жените кои имале нападна шминка биле оценети како неискрени и непрофесионални.

„Жените кои имаа драматична шминка беа оценети како привлечни, но не и како сигурни и искрени“, вели Ненси Еткоф, една од истражувачите на овој проект.

Затоа, ви советуваме да се шминкате онака како што налага приликата, што значи дека за на работа треба да се шминкате нежно за да оставите подобар впечаток.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag