Како си поминав во затвор?! Затвореник на Фејсбук известувал како му е во затвор! :)

popara5 декември, 20111min00
v226129p0

Британец на Фејсбук објавувал фотографии од него во затворската келија, а затворската управа истражува како успеал да го прави тоа.

Адам Гали (26), издржува казна затвор од 18 месеци во затворот Кемп Хил на островот Вајт, поради вооружен грабеж на една трафика.

Неодамна на својот Фејсбук профил поставил слики на кои позира во келијата, заедно со коментари во врска со затворот.

„На мал одмор сум. Тука е супер. Сместувањето е со пет ѕвезди, само интернетот не работи најдобро“, напишал тој, а потоа го оставил и телефонскиот број од затворот, повикувајќи ги пријателите да си резервираат одмор во затворската установа.

Весникот „Сан“ ја контактирал управата на затворот и информирал за затвореникот.

„Не е јасно што довело до овој пропуст, бидејќи на затворениците не им е дозволен пристап до интернет, ниту до Фејсбук. Ќе извршиме претрес во кечиите и ќе ги одземеме сите мобилни телефони и други недозволени уреди“, изјавил портпаролот на затворот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag