Покојната филмска ѕвезда Елизабет Тејлор живееше во раскошна вила во Бел Ер, Лос Анџелес, која ја има реновирано во 1997 година со помош на дизајнерот Волдо Фернандес.
Фотографиите од нејзиниот дом ги има направено магазинот Architectural Digest, само неколку месеци пред нејзината смрт. Лиз ја отворила вратата од своето царство за раскошот да може да биде запаметен.
Куќата која има четри спални соби, Лиз ја купила во раните 80-ти. Дизајнерот скоро во секоја соба има оставено печат со виолетова или сина боја, баш како што изгледале очите на Тејлор.
„Кога прв пат влегов во куќата во 1984 година, Лиз ми рече дека оди на филмскиот фестивал во Кан и дека ќе биде отсутна една недела. Бараше бели теписони и бел мебел, а јас останав зачуден бидејќи во куќата имаше мачки и кучиња, но направив како што таа посака. Потоа, сакаше се да и преуредам в обоите на лавнадата, ја обожаваше таа боја“, изјавил дизајнерот.
Погледнете го раскошот во кој живееше Елизабет Тејлор.