Понекогаш не сакате да се потпрете на интуиција, бидејќи на вас ви е важно да знаете дали му се допаѓате или не. Всушност, работата е во дилема дали би требало да вложите уште малце шарм и труд или или веќе го освоивте.
За почеток, ако му се допаѓате на новиот потенцијален дечко, бидете сигурни дека ќе ви се јави точно во време за кое ви кажал. На тој начин ќе знаете дали тоа е личност на која можете да се потпрете, дали е сигурен и безбеден.
Ако сте почнале со пораки, секоја нова порака која стигнува од него ќе содржи некое прашање, се со цел да се продолжи комуницирањето. Кога пораките ќе станат се подолги, сигурно дека интересот за вас ќе биде поголем. Колку се појаки чуствата, пораките и повиците стануваат се почести дури и без причина.
Некои негови идеи како вас да ве намами, да останете сами, вас ќе ве насмее со својата промисла, но сепак тоа иде во прилог за освојување на вашето срце, па доколку вашите чуства се исти, оставете да мисли како сето тоа добро го смислил.