Пред да станат славни, голем број пејачи и пејакчи се обидуваа да се пробијат во светот на музиката како знаеа и умееја. Повеќето од нив денеска заработуваат милиони, но ако се навратиме неколку години наназад, нема ни да ги препознаеме.
Погледнете како изгледаа и звучеа дел од светските музичари пред да станат славни:
– Кејти Пери: Пред да стане славна Кејти Пери настапувала под нејзиното вистинско име Кејти Хадсон, кое го промени бидејќи ја поврзуваше со актерката Кејт Хадсон
http://www.youtube.com/watch?v=s88sJduz6hY&feature=player_embedded
– Лејди Гага имала долга црна коса, но ја офарбала плава за да не ја споредуваат со Ејми Вајхаус. Во тој период Гага настапувала под своето вистинско име Стефани Германота.
– Шерил Кол: Една од најпознатите британски пејачки се прослави во 2002 година на аудиција на пејачи, која и донесе место во групата Girls Aloud.
– Еминем: Овој рапер, кој неодамна беше прогласен за крал на хип хоп музиката, со рап и хип хоп се занимава отсекогаш, но пред да стане славен снимањето на песните навистина му претставувало проблем.
– Ријана: Познатата пејачка Ријана, всушност се вика Робин Ријана, а на ова видео може да видиме настап од времето кога таа имала 15 години. Од мала слатка тинејџерка, Ријана прерасна во вистинска секс бомба.
– Џастин Тимберлејк: Својата пејачка кариера Џастин ја започнал многу млад. Уште на 11 години тој беше член на клубот на Мики Маус, по што следуваше групата N’Sync.
– Шакира: Една од најсексипилните пејачки на денешницата била навистина убава на 16 години. Таа природно е бринета, што значи дека фарбањето плаво за неа било драстична промена.
– Џастин Бибер: Младиот пејач денеска заработува милиони, а некогаш пеел на улица. За својот успех Џастин треба да му заблагодари на Youtube.
– Тејлор Свифт: Тејлор покажувала талент за пеење уте од малечка, а нејзина желба било да стане популарна кантри пејачка. Па, може да кажеме дека таа го живее својот сон!