Во најава е снимањето на филмот за легендарната Бриџит Бардо, во кој главната улога ја доби Летиција Каста.
Таа за полесно да се снајде со новата улога решила да се сретне со Бриџит и од неа да побара некој совет.
При тоа Летиција слушнала совет кој ни најмалку не го очекувала.
Бриџит ми кажа само едно, на кое јас навистина се изненадив. Таа ми рече: Само оди со крената глава, каде и да се појавиш. Изгледај како да сакаш да имаш секс со секој таму. Уживај во моментот во кој ти си најубавата жена на светот.
При тоа Летиција изјавила и дека на Бриџит воопшто не и се допаднала идејата за филмот но, сепак и честитала за добиената улога.