Каков среќник! Си купил мерцедес SL 500, за 20 долари :)

popara8 август, 20111min00
mercedes_sl500

На келнерот Морис Метјуз  неодамна му се остварил сонот кој го имаат сите купувачи на половни возила, а тоа е да дојдат до добра кола за помалку пари. Овој келнер си ја купил колата дури за 850 пати помала вредност од реалната, а инцијатор за тоа бил самиот продавач.

Реј Хортон бил продавачот на автомобилот, тој е поранешен помошник тренер на Pitsburg Stilers, познат клуб во американската NFL лига. Реј добрил работа во друг клуб, па поради преселба сакал да се ослободи од сите непотребни работи.

Тој дошол до кафетеријата каде работи Морис, каде тренерот често поминувал во слободно време. Келнерот знаел дека тој го продава автомобилот и го прашал Реј, за која цена го продава. На ова следело уште по необично прашање: „Колку пари имаш во себе?“ Келнерот извадил од џебовите 20 долари, ги подал накај Реј и рекол: „20 долари“, а Реј извикал „продадено за 20 долари“ и му ги подал клучевите од автомобилот.

Инаку, “Mercedes SL 500” моделот кој го возел тренерот бил произведен во 1999 година, имал поминато повеќе од 100.000 километри, а на берзата во САД за половни автомобили вредноста му изнесува околу 17.000 долари.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag