Тенката линија на свелто кафеаво моливче на горниот капак од окото и еден слој на маскара ги нагласуваат очите. Додадете малку руменило и сјај за усни и ете ви комбинација.
Не е важно дали ќе се нашминкате или не, но за бринети добро е да имаат на усните кармин. Умерено розова или корална нијанса додава боја на вашите образи и ви ги разубавува очите.
Цревниот кармин на усните преку ден е лоша идеја. За сите, па така и за бринетите. Само затоа што имате темна коса на која така добро ќе и стои црвен кармин, не морате тоа секогаш да го покажувате. Ако баш сакате црвен кармин, определете се тоа да биде црвен сјај за уста.
Доколку сакате да бидете приметени, не ставајте светло кафеава сенка за очи, изберете ја било која друга боја.