Овој камионџија имал неверојатна среќа, успеал да преживее кога неговиот камион паднал во провалија висока 183 метри.
Камионџијата изгубил контрола над својот камион кога се обидувал да помине кривина на планина во близина на кинескиот град Ваниан. Камионот се превртел и започнал да паѓа во провалијата, а по ударот се преполовил.
„Кога изгубив контрола над камионото, се фатив цврсто за воланот и се молев да преживеам“, вели камионџијата чии молитви биле услишени.
Локалните жители кои биле сведоци на страшната несреќа веднаш повикале полиција и прва помош, иако не очекувале да има преживеани.
„Бев заробен во кабината. Сакав да и се јаван на сопругата, но не можев да го најдам мобилниот. Се чувствував слаб и изнемоштен, но бев свесен дека ми приоѓаат луѓе“, додава преживеаниот возач.