Новото издание на српскиот учебник по биологија може да се гордее бидејќи на неговата насловна страна стои познат холивудски актер, Николас Кејџ.
Поточно, фотографијата која е ставена на учебникот по биологија за 8-мо одделение, потекнува од култниот филм од 1998 година „Одгледувањето на Аризона“, а на неа се главните актери, Николас Кејџ и Холи Хантер.
Браќата Коен кои го направиле овој филм сигурно не ни сонувале дека десет години подоцна дел од него ќе има и на насловната страна од некој учебник.
Ова бизарно откритие било објавено на Твитер, а подоцна се проширило низ српските медиуми.