Калории се губат и по интензивното вежбање! Навалете со време!

popara5 септември, 20111min00
Cycling

Според една најнова студија, луѓето кои вежбаат постојано и упорно, добиваат и бонус за нивното залагање. Тие продолжуваат да согоруваат калории и откако ќе завршат со вежбањето.

Еден тим истражувачи откриле дека луѓето што возеле велосипед интензивно цели 45 минути согореле дополнителни 190 калории во наредните 14 часа после возењето.Тоа е плус на оние калории согорени во текот на возењето.

–          Ова е најдобриот доказ што го имаме дека по интензивно вежбање и понатаму се согоруваат калории, – вели лидерот на тимот истражувачи, Дејвид Ниман, кој работи како истражувач на Апалачи државниот универзитет во Канаполис.

Ова откритие, секако, се однесува и на други интензивни активности, како трчање, џогирање, играње кошарка и фудбал. Сепак, за да ги изгубите тие екстра калории, вежбањето мора да биде толку интензивно што ќе почнете да се потите, ќе ви се зголеми телесната температура, а срцето да ви чука забрзано. Последователно, со обично пешачење не се добива истиот ефект на губење калории по активноста.

Во ова истражување биле вклучени 10 мажи на возраст од 22 до 23 години. Еден ден биле чувани во соба каде не правеле ништо освен што седеле и спиеле. Наредниот ден возеле велосипед интензивно 45 минути и потоа пак седеле во собата не правејќи ништо.

Резултатите се следниве: Во просек секој човек изгубил 190 калории седејќи во собата после возењето, во споредба со претходниот ден кога не правеле ништо цел ден. За време на возењето велосипед се губат околу 519 калории во просек.

Се смета дека истиот ефект би се добил и кај жените, иако тие не биле инволвирани во овој експеримент.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag