Од вчера, во сите 1200 британски ресторани на МекДоналдс, гостите можеа да видат колку калории има секој оброк, а бројот на калориите беа назначени веднаш до секој производ.
Како што соопштија од компанијата МекДоналдс, ова е дел од британската владнина програма за борба против зголемената тежина на луѓето.
МекДоналдс и неколку други компании за брза храна соработуваат со британското министерство за здравје со цел да се охрабрат потрошувачите да започнат здрав режим на исхрана. Овие компании треба да ги елиминираат и вештачките додатоци од своите производи. Се работи за следниве светски познати компании: Старбакс (Starbucks), Пица Хат (Pizza Hut) и KFC.
Листата со калории во МекДоналдс веќе се наоѓа во рестораните ширум Њујорк.