Каменот во жолчка се јавува поради лоша диета?

popara7 септември, 20111min00
girl in pain

Една ексклузивна американска студија утврди дали лошата диета и често промената на тежина влијае на појавување на камен во жолчката. Во истражувањето се вклучени 25.000 мажи кои за време на 10 години ја менувале тежината-често ја добивале и често ја враќале назад тежината. Нивниот ризик за појавување на камен во жолчката бил многу поголем отколку кај мажи кои имале константна тежина, напишале во Archives of Internal Medicine. Оваа студија е во согласност со претходните истражувања во кои учествувале жени и кои сугерирале јо-јо ефект, како и нагло губење килограми како и дебелината како ризичен фактор за појавување на камен во жолчка.

Поголемото губење на килограми и повторно зголемената тежина го зголемило ризикот за појавување на камен во жолчката.

За оние кои веќе се здебелиле најдобро е вишокот на килограми да го отстранат постепено и да не прескокнуваат оброк.

Всушност,пресконувањето оброци ја зголемува контракцијата кај жените во жолчното ќесе, а потоа контракциите создаваат камен во жолчката.

Идеално темпо за губење на вишок на килограми би требало да биде од 720 грама од максимални 2,5 килограми месечно, вели Michael Leitzmann,стручњак за камен во жолчката кои исто така бил вклучен во истражувањето.

Само 20% од пациентите се свесни дека имаат камен во жолчното ќесе , нагласи Leitzmann.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma